Алексовски преку првиот носител до ново полуфинале

August 15, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски успеа да се избори за уште едно полуфинале од серијата турнир на кои настапува како дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund. Во најинтересниот меч од четвртфиналето на турнирот во Барселона (играчи до 14 години) што се играше на теренот број 1 Алексовски со 2-1 во сетови (61 36 61) го победи Португалецот Франциско Сардиња и со тоа избори полуфинале на турнирот. Марко и претходната недела беше полуфиналист на турнир од категорија 1 што се играше во Белгија.

Алексовски утре во полуфиналето ќе игра против Јаков Мазин.

Во полуфиналето во игра на двојки Алексовски и Сардиња (двајцата се дел од тимот на ИТФ) загубија од шпанските тенисери Хаиме Алкараз и Стефан Шангичев со 2-0 во сетови (62 63).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани