Алексовски со пресврт до четвртфиналето

August 6, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк. Тој во денешниот меч од осминафиналето со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови против Луис Бернардо Саравиа од Португалија.

Првиот сет во неизвесна завршница му припадна на португалскиот тенисер, кој го доби со 7:5 во гемови. Но, во следните два сета целосен пресврт и Алексовски ги доби со идентични 6:1 во гемови што значи дека по 14 одиграни гемови Марко на противникот му препушти само два гема.

Во следната рунда (четвртфиналето) Алексовски ќе игра против подобриот од мечот Ејдан Чан од Австралија, кој со 2-0 во сетови (63 63) го победи Валентино Грасели од Италија.

Инаку, Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund и настапува на овој турнир во Белгија, кој е за тенисери и тенисерки до 14 години.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани