Алексовски стартуваше со победа на турнирот во Белгија

August 4, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски, кој е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund стартуваше со победа во првото коло на турнирот за играчи до 14 години во белгискиот град Вилријк. Тој на убедлив начин стигна до победата над Французинот Закарија Азаз препуштајќи му само два гема на противникот 2-0 во сетови (61 61).

Утре во второто коло Алексовски за противник го има Андрија Мартиновиќ од Босна и Херцеговина, тенисер кој е дел од истиот тим со Алексовски.

Интрересно е тоа што двајцата играчи од тимот настапуваат заедно во конкуренција на двојки, каде се рангирани како трети носители.

Турнирот во Белгија е од категрија 1, а младиот македонски тенисер претходната недела имаше настап на тунрир во Германија од Супер категорија, а го очекуваат уште два турнира во Шпанија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани