Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ, кој беше и учесник на Macedonian Open пред одржувањето на турнирот во Скопје триумфираше на турнир во Ј60 Улцињ во младинска конкуренција. Тој го освои пехарот на Montenegro Open и со тоа ја оправда улогата прв носител што ја имаше на турнирот.
Во финалниот меч А.Хусеиновиќ го победи вториот носител Берсел Шандор Такач од Унгарија со 2-0 во сетови. Единствениот меч што Амар го доби со 2-1 во сетови (62 16 64) беше полуфиналето против хрватскиот тенисер Хрвоје Јутреша.
Во првите три кола македонскиот тенисер оствари победи против Михајло Илиќ (Канада) 2-0 (63 76(5); Лука Петрович (Словенија) 2-0 (63 63) и Александер Браун (САД) 2-0 во сетови (60 61).