Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, но тука почнува пресвртот на Лина Ѓорческа која освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:3 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 4:2, но Бертеа изедначи на 4:4. Сепак Ѓорческа успеа да ги добие следните два гема и го доби сетот со 6:4 за конечни 2-1 во сетови.
Ова за Ѓорческа е вкупно 15.та титула во поединечна конкуренција, а го играше 39.то финале. Лина има и 47.титули во конкуренција на двојки.
Првата турнирска победа ја имаше на турнир во Куршумлијска Бања, а ова и беше трето финале во низа на последните три турнири на кои претходните два финални меча ги загуби.
За победата на турнирот во Слобозија, Ѓорческа освои 50 поени и ќе напредува на ВТА листата. Лина следната недела ја очекува настап на турнир во Букурешт.