Грујиќ победи во двојки на „Црна река Опен“

June 25, 2025

Младиот македонски тенисер Александар Грујиќ заедно со Аликсандр Виарсоцки триумфираа на турнирот за играчи до 16 години „Црна Река Опен 2025“ што се играше во Кавадарци. Тие двајцата во финалето во интересен меч ја совладаа грчко-српската комбинација Александрос Авгерис – Павле Стоиљковиќ (втори носители) со 2-1 во сетови (64 36 10-8 на поени). Претходно во полуфинале беа подобри од првите носители Марко Алексовски (Македонија) и,Лука Луковац (Црна Гора) со 2-0 во сетови (63 75).

Забележителен настап во поединечна конкуренција имаше и Анастасија Арсовска која настапот го заврши во полуфиналето. Таа беше празена од Ена Илиќ од Србија прва осителка со 2-0 во сетови, откако претходно имаше победи против Викторија Митова од Бугарија и Французинката Артемис Анастесиадис.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани