Дејвис куп: Ивановски изедначи против Летонија, Македонија се пласира во Втората Светска група

June 14, 2025

Македонските тенисери изборија пласман во Втората Светска група на Дејвис купот. Македонија во 2010 година последен пат играше во Втората Евро-африканска зона, што значи и промоција по 15 години.

Мечот со Летонија не е завршен Kaлин Ивановски изедначи на 1:1 со победата од 2-0 во сетови (63 64) против Артус Жагарс. Во исто време на теренот број 5 Црна Гора ја победи Молдавија со 3-0, откако тенисерите на Молдавија предадоа два меча.

Во првиот сет Иваноски поведе со 1:0 во гемови, а во вториот гем по голема борба и одиграни 22 поена Жагарс изедначи на 1:1. Тоа што не го искористи Калин во вториот гем, го направи во осмиот гем од првиот сет и поведе со 5:3, а во следниот гем ја искористи третата сет топка за водство на Македонија од 1:0. Во вториот сет по 2:2 без брејк следуваа пет гема во кои имаше брејк и притоа по завршувањето на деветтиот гем Ивановски имаше предност од 5:4 и по 18 поени во гемот ја искористи петтата брејк топка. Во следниот гем на свој сервис ја реализираше и првата сет-меч топка за 2:0 во вториот сингл и изедначување на 1:1.

Во мечот во двојки кој ќе решава за победникот за Македонија ќе играат Ивановски и Мицов, додека за Летонија ќе настапат Карлис Озолинс и Роберт Штромбачс.

ФОТО: Игор Паневски

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани