Дејвис куп: Македонија избори пласман во Втора Светска група

June 14, 2025

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија успеа да избори пласман во Втората Светска група откако го освои третото место на мечевите од Третата Европска група во ова натпреварување. Во последниот дуел Летонија со 2-1 ја совлада Македонија и со тоа го освои првото место пред Црна Гора.

Дека Летонците се подготвуваат за победа во мечот во двојки покажа и потегот на нивниот тренер Денис Павловс да направи промена и во состав да го активира нивниот најдобар играч Роберт Штромбачс. Летонците мечот во двојки го добија со 2-0 во сетови (64 64) за 1 час и 13 минути игра.

Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен и гем и нерешено беше до 9.тиот гем и резултатот 4:4 кога летонскиот дубл успеа да направи брејк и да поведе со 5:4, а веднаш потоа и да го добие гемот на свој сервис за 6:4 и водство од 1-0 во сетови. Во следниот сет противниците кои сервираа одлично направија брејк во третиот гем и со тоа поведоа со 2:1 и предноста ја зачуваа до крајот на сетот што заврши идентично како и првиот 6:4 и со тоа Летонија го доби дублот со 2:0, а мечот со 2-1 во добиени мечеви.

На крајот на трите првопласирани национални тимови им беа доделени медали.

Резултати 5.коло: Македонија – Летонија 1-2, Црна Гора – Молдавија 3-0 и Малта – Ерменија 3-0.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН: ЛЕТОНИЈА 5-0 (победи/порази), ЦРНА ГОРА 4-1, МАКЕДОНИЈА 3-2, МОЛДАВИЈА 2-3, МАЛТА 1-4, ЕРМЕНИЈА 0-5.

Трите првопласирани селекции: Летонија, Црна Гора и Македонија изборија промоција во Втората Светска група, Молдавија и следната година ќе настапува во Третата Европска група, додека Малта и Ерменија испаднаа и следната година ќе играат во Четвртата Европска група.

ФОТО: Игор Паневски

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани