Вториот ден од Дејвис купот од Третата Европска група што се игра во Скопје заврши со пораз на Македонија од Црна Гора со 3:0, по двата стартни порази во сингл мечевите македонската комбинација Калин Ивановски и Кристијан Јанев загуби од Симон Кнежевиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (63 64).
Ова беше прв настап заедно за Ивановски и младиот Јанев, кои на моменти делуваа сигурно иако ова беше нивни прв заеднички меч во двојки, а за Јанев и прв репрезентатвен настап. И покрај поразот од Црна Гора, Македонија има шанси за освојување на едно од првите три места.
На другите два дуела од второто коло: Молдавија – Малта 2-1 и Летонија – Ерменија 3-0.
По двете кола Летонија и Молдавија се на првите две позиции со скор 2-0, следуваат Македонија и Црна Гора со скор 1-1 (победа / пораз), додека Ерменија и Малта имаат скор 0-2.