Младиот македонски тенисер Максим Дојчинов триумфираше во конкуренција на двојки на турнирот во Подгорица. Тој заедно со Матија Станковиќ од Црна Гора во финалето ги победија Матијас Билока и Арнур Маратов со 2-0 во сетови (64 64).
Турнирот во Подгорица е од категорија 2.
Дојчинов и Станковиќ за да стигнат до пехарите мораа да извојуваат четири победи од кои три со 2-0 во сетови, а во полуфиналето ги победија Едон Адеми и Василије Лазаревиќ со 2-1 во сетови (во сетот на поени беше 10-4).