Мицов го загуби мечот со 2-0 во сетови за 1 час и 36 минути од Жерар Кампана Ли од Кореја. Ривалот важеше за фаворит особено што минатата годна беше полуфиналист на Челинџерот во Скопје. Мицов добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови во првиот сет, но потоа ривалот направи серија од пет гема и го освои сетот со 6:4. Во вториот сет Ли веднаш направи брејк и ја продолжи серијата освоени гемови и вториот сет го заврши на идентичен начин со 6:4 и избори пласман во финалето од квалификациите.
Најмладиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ го доби гемот на свој сервис на стартот од мечот, но потоа следуваше серија од пет гема за Нермин Фатиќ, кој сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет Фатиќ со два брејка стигна до водство од 5:2, но Хусеиовиќ успеа да направи ри-брејк за 5:3 но немаше сили за пресврт и Фатиќ го доби сетот со 6:3 во гемови.
Од македонските тенисери на главниот турнир настап во вторник ќе има Калин Ивановски, а македонски претставници ќе имаме и во конкуренција на двојки. Турнирот стартува во вторник.
ФОТО: Игор Паневски