Повредата го спречи од почетокот на Дејвис купот да биде на теренот. Вчера одигра дубл меч за да го почувствува теренот, а денеска и покрај поразот во сингл мечот во дубл го одигра во вистински ритам и сервираше беспрекорно.
- Го добивме мечот во двојки. Но знаев дека мечот во двојки со Стефан мора да го добиеме и успеавме и навистина сум среќен поради тоа. Ова е голема победа за нас, која ќе ни помогне да бидеме поблиску до Втората Светска група. Мечот во двојки беше навистина интензивен и навистина сум среќен што ова вака се заврши, изјави Калин Ивановски по мечот во дубл.
Утре за Македонија е дуелот од 4.коло против Ерменија, аутсајдерот во оваа група и со победа ќе биде обезбеден пласман во Втората Светска група на Дејвис купот.
Фото: Игор Паневски