Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во мечот од второто коло го совлада вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови (26 61 62) за 2 часа и 8 минути игра. Ивановски успеа да направи пресврт во мечот и со тоа за избори за утрешното четвртфинале каде ќе игра против домашниот тенисер Вито Тонејц, која пак со 2-0 во сетови го победи петтиот носител Вук Раѓеновиќ од Србија.
Ивановски поведе во мечот, но во третиот гем на сервис на македонскиот тенисер Обрадовиќ направи брејк за предност од 2:1, а потоа и во петтиот гем вториот носител имаше уште еден брејк за 4:1 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Загубениот прв сет сепак не остави негативни последици кај Ивановски, кој во следните два сета на ривалот му препушти три гема.
Во вториот сет Калин поведе со 3:0, а единствениот гем Обрадовиќ го освои на свој сервис во четвртиот гем по 16 одиграни поени и намали на 3:1. Ивановски направи и втор брејк во сетот за 5:1 и сетот го заврши со 6:1 во гемови.
Во решавачкиот сет на стартот по еден брејк за двајцата играчи, а по 2:2 во гемови Ивановски направи серија од четири гема за 6:2 во гемови во решавачкиот сет.