Конкурс за стручни лица и физиотерапевт кои ќе работат во Спортска Академија во учебната 2025/2026
Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренери на ученици во спортска академија, Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) распишува:
КОНКУРС
за стручни лица и физиотерапевт кои ќе работат во Спортска Академија
Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) и физиотерапевт кои ќе работат со селектираните тенисери за учебнaтa 2025/2026 година во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:
- Четворица (4) Тениски тренери
- Еден (1) Физиотерапевт
Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери и физиотерапевт на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:
А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ
– да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ИТФ);
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) или друг тренерски сертификат/лиценца кој-а е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);
– да има најмалку три години работно искуство (во редовен работен однос или по договор за дело во клуб-ови членки на ТФСМ или да е на позиција во стручните комитети во ТФСМ) со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврдата издадена од клубот со кој има склучено договор за редовен работен однос или по договор за стручно ангажирање. Клубот кој ја издава потврдата мора да е член на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);
– да поседува лиценца за тренер за 2026 година од Тениска Федерација на Северна Македонија;
– да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;
– да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.
Б. ФИЗИОТЕРАПЕВТ
– да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:
ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ
- биографија/ЦВ
- приложена диплома за завршено најмалку вишо образование во областа на спортот или сертификат за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ITF)
- приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување. Сертификатот за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ITF) се признава како национален сертификат
- потврда дека нема забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централен Регистар
- потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Тениска Федерација на Северна Македонија
- потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2026 година
- диплома за остварен пласман како потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за постигнати резултати
ФИЗИОТЕРАПЕВТ
- биографија/ЦВ
- диплома или уверение за стекнување назив физиотерапевт
- потврда дека нема забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централен Регистар
Начин на избор:
- Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на ТФСМ
- Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на веб страната на ТФСМ
Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до четврток, 17.07.2025 година до 12 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: contact@tfsm.mk, во рамките на рокот.
За сите останати информации Ве молиме да не контактирате на Е-маил адресата: contact@tfsm.mk
Тениска Федерација на Северна Македонијa