Курс за тренери – Ниво Играј тенис (Play Tennis – ITF certified)

October 17, 2025

Почитувани клубови и тренери,

Ве инфомираме дека Тениската федерација е во фаза на припреми за организација на Курсеви за тренери Играј тенис и Ниво 1.

*Од 29 до 31 Октомври 2025, ќе се одржи Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидe: Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, најкасно до 22 Октомври 2025. Минималната бројка е 12, а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 5500 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за тренери за 2025, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

***првите пријавени 8 КАНДИДАТКИ на курсот за ниво Играј тенис, во согласност со проектот на ТФСМ за родова еднаквост во спортот (поддржан од ЕУ и МОК – Фер Игра), ќе бидат ослободени од трошоци за годишна лиценца и котизација за учество на курсот!

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани