Тениската репрезентација на Македонија до 18 години е дел од една од зоните на Tennis Europe Summer Cups што се игра во Карловац. По мини подготовките македонскиот национален тим во состав: Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Ерион Незири ќе игра во Карловац, Хрватска. Селектор на тимот е Круно Деспотовски.
Покрај Македонија во оваа зоа се уште и селекциите на Финска, Грција, Италија, Србија, Шведска и домаќинот Хрватска.
Во првото коло македонскиот тим за ривал ја има селекцијата на Грција.
Во сингл мечевите за Македонија се пријавени да настапат Јанев и Незири, додека за мечот во двојки пријавени се Јанев и Хусеиновиќ.