Од денеска до 21.септември во Австрија се одржува Европско првенство за тенисери и тенисерки до 18 години. Во двете конкуренции секоја репрезентација – држава пријавува по два преставника, а истите тие настапуваа во сингл и во конкуренција на двојки.
Македонија кај девојките ја претставуваат Ана Митевска и Катја Ивановска, додека во конкуренција кај момчињата македонски претстаници се Кристијан Јанев и Ерион Незири. Круно Деспотовски ја има улогата на селектор на македонскиот национален тим.
Мечевите ќе се играат во Оберпулендорф.