Марко Алексовски во друштво со најдобрите европски тенисери

July 28, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (роден 2011 година) оваа година со успешните настапи кои ги имаше на Развојниот шампионат до 14 години во Анталија успеа да се избори за влез во тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund, а е за играчи на негова возраст. Марко со настапот на овој тим има загарантирано учество на четири турнири: еден од Супер категорија и три од Категорија 1. Првиот е во Германија и е во тек, а потоа го очекуваат уште три: еден во Белгија и два во Шпанија.

Турнирот во Германија кој е од Супер категорија се игра во Дурен, а македонскиот тенисер успешно ја мина првата пречка и го совлада Адам Напари од Финска со 2-0 во сетови (62 64), а следен ривал му е Паоло Карочио од Италија. Алексовски на овој турнир ќе настапи во конкуренција на двојки со Андрија Мартиновиќ од БиХ.

Покрај Марко на овој тим ќе настапат тенисери од: Босна и Херцеговина, Турција, Молдавија, Португалија, Грција и Украина. Настапите на овие турнири и работата со врвните тенисери од оваа возраст и стекнување на дополнително искуство е од многу важно значење за развојот на младите македонски тенисери.

Алексовски во досегашниот дел од сезоната имаше неколку успешни настапи на турнири во неговата возрасна категорија, а со настапот на овие четири турнири го продолжува својот квалитетен развој.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани