Младиот македонски тенисер Марко Алексовски по полуфиналето во Белгија, на следниот турнир во Шпанија (Барселона) успеа да се избори за финалниот меч на турнирот во Барселона. Алексовски вчера во полуфиналето успеа да го совлада Јаков Мазин со 2-1 во сетови (36 60 64). Притоа Марко во решавачкиот сет иако беше во негатива и губеше со 2:4 успеа да спаси топка за 5:2 за ривалот и со серија од четири гема го доби сетот цо 6:4 и со тоа и мечот.
Алексовски денеска во финалето ќе игра против Стефан Шангичев од Шпанија. Почетокот на мечот е во 9:30 часот.