Одлични два меча денеска против Молдавија одигра Стефан Мицов (32 години), кој прво донесе водство со победата во синглот против Андреј Горбан, а потоа беше одлично надополнување во двојка со Калин Ивановски.
- Многу сум среќен што победивме. Се се сврте на наша страна, но и заслуживме. И тие имаа среќа и ние имавме среќа на крајот, но нели среќата ги „прати храбрите“. Калин мислам дека одигравме одлично, добро беше за нас што неговиот сингл меч и не беше толку тежок да се измори и во дублот сервираше феноменално, мислам дека го сруши рекордот. Задоволен сум како играм, бев повикан како резерва, јас сум веќе во тренерски води, а и донесов неколку поени, заврши Мицов.
Инаку Мицов последниот настап за македонската репрезентација го имаше во 2021 година кога и бевме домаќини.
Фото: Игор Паневски