Младата македонска тенисерка Сара Митевска (15 години) оствари нова турнирска победа во конкуренција во двојки на турнир за тенисерки до 18 години. Таа заедно со Елеонира Тонеа од Бугарија во фналето на турнирот Ј60 на Крф победија во конкуернција на двојки. Во финалето ги совладаа Елени Хацлаврам и Амила Панду од Грција со 2-0 во сетови. Многу понеизвесен беше мечот во полуфиналето каде Сара и Елеонора ги совладаа Ана Митевска од Македонија и Венетика Лека од Грција и го добија со 2-1 во сетови (46 64 10-4 на поени).
Ова за Сара Митевска е втор пехар во две недели (има вкупно три) откако претходно победи на турнирот Ј60 Добрич во Бугарија, а првата титула во двојки ја имаше во Суботица.
На турнирот на Крф настапија три македонски тенисерки: Сара Митевска, Ана Митевска и Јана Божиновска.