Ново финале за Ѓорческа во Куршумлијска Бања

August 17, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа втора недела по ред ќе игра финале во Куршумлијска Бања. Минатата недела беше финалистка на турнир од категорија W35, a денеска ќе игра во финалето на турнирот W75 во Куршумлијска Бања.

Ѓорческа вчера во полуфиналето ја совлада првата носителка Ралука Шербан од Кипар откако ја победи на убедлив начин со 2-0 во сетови (62 62),

Противничка во финалето ќе и биде 18-годишната тенисерка од Србија Теодора Костовиќ, која со 2-1 во сетови вчера ја совлада Ања Станковиќ.

Финалето денеска се игра со почеток во 10 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани