Одржани два курса за тренери во организација на федерацијата

November 25, 2025

Во период од 29ти октомври до 13ти ноември 2025 година, Тениската федерација на Македонија одржа два курса за тренери чиј домаќин беше Тенискиот клуб Мондано. Првиот курс „Играј тенис“ беше во траење од 4 дена, а вториот „Ниво 1“ во траење од 11 дена.

Првиот курсот беше реализиран по програмата на ИТФ и сите предавања во училница и на терен беа водени од страна на лиценцираниот тутор од ИТФ и ТФСМ, Димитар Лабудовиќ и асистентот Кристијан Вангелов кој воедно ја вршеше својата едукација за тутор. Кандидатите вкупно 26 (10 жени – 16 мажи) можеа да се стекнат со знаења за: комуникација, стратегија и тактика, развој на техника, организација на турнири, методи на учење, видови тренинг, додавање и развој на вештини за прием и вештини за испраќање.

Кандидатите беа оценувани неформално за време на целиот курс и формално низ три теста: играчка способност, држење групен тренинг и писмен тест. На курсот беа идентификувани 6-8 тренери кои би можеле да бидат кандидати за Ниво 1 (CBI course).

На курсот присуствуваа и осум кандидатки кои се дел од проектот Ас за еднаквост, кој е во соработка со МОК и со финансиска поддршка на Европската Унија за промоција на родовата еднаквост во спортот кои добија бесплатна обука и лиценца додека две кандидатки добија бесплатна лиценца.

Вториот курс кој траеше 11 дена го посетуваа 19 кандидати, а двајца тренери кои се едуцирани по стариот систем на ИТФ беа обврзани да направат прилагодување на едукација. Презентациите се држеа согласно препораките за држење тренажен процес на ТФСМ како и препораките на ИТФ за организација на семинари.

Согласно правилата на ИТФ курсот го водеа двајца тутори (Горан Шевченко и Димитар Лабудовиќ), додека Кристијан Вангелов за прв пат е вклучен во курсот како вовед во неговата едукација за тутор која треба да трае неколку години.

На курсот се работеа теми: улогата на тренерот, потсетување на темите од Play Tennis,
 стратегија и тактика,
 донесување одлука и геометрија на терен, комуникација,
 развој на техника, 
биомеханика и движење,
 додавање,
 анализа и подобрување на тактика и техника,
 елементи на групен и индивидуален тренинг, стекнување вештини, игра во двојки, физичка и психолошка подготовка.

Кандидатите беа оценувани неформално за време на целиот курс и формално низ тестови за: играчка способност, држење тренинг (групен и индивидуален) и писмен тест (според новите правила тестот се одржува online на платформата ITF Academy).

Тренерите кои не положија една или повеќе компетенции ќе можат за истото да го повторат тестот по договор со туторите во тек на 2026 но не пред истекот на 3-6 месеци.

Сите тренери кои ги положија сите задачи и тестови се стекнаа со меѓународно признаен сертификат.

Двата курса беа реализирани со предавање во училница, како и практични вежби на терен, а на курсот обраќање имаше и Сашо Делиниколов, претседателот на тренерскиот комитет при федерацијата и поранешен капитен на Дејвис куп репрезентацијата.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани