Одржани Тениските фестивали во Штип и Куманово

April 28, 2025

🎉🎾 🎉 Изминатиов викенд се одржаа двата детски Тениски Фестивали со локации на Плоштадот во Штип и на Кејот во Куманово. Беше задоволство да се видат стотици насмеани и заинтересирани дечиња од кои дел за прв пат, низ разни игри со нашите тренери беа дел од тениската авантура. Со овие фестивали уште еднаш ја потврдивме потребата од организација на вакви промотивни настани, како и големата заинтересираност на пошироката јавност секое дете користејќи тениски рекет и топче да ја почувствува возбудата која тенисот ја пружа.
Истакнуваме благодарност до нашите спонзори кои ја овозможија организацијата на тениските фестивали: УНИБанка – генерален спонзор, Витаминка, Аутомобиле СК, СЕТЕК, Триглав Осигурување, Порта Инженеринг, Чунга Лунга и Горска вода.
Особена благодарност изразуваме до нашите членки – тениските клубови АСТИБО и ТРИУМФ од Штип, ТУМБА, КУМАНОВО 2010 и КОНФИДЕНТ од Куманово кои несебично и безрезервно се вложија во изминатиот период, а се со цел одржување на овие настани во најдобар можен ред.
Проследуваме само мал дел од фотографиите.
Сите што не беа со нас, а сакаат да видат како си поминавме погледнете ги сликите во прикачените галерии.
« of 2 »
« of 7 »
…..до следната тениска авантура, ТФСМ.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани