Победа и полуфинале за Алексовски на турнирот во Белгија

August 7, 2025

14-годишниот македонски тенисер Марко Алексовски успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк. Тој денеска во четвртфиналето го совлада Ејдан Чан од Австралија со 2-0 во сетови (62 64). Утре во меч за пласман во финалето Марко ќе игра против Лејт Бенасер од Тунис.

Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund и настапува на овој турнир во Белгија, кој е за тенисери и тенисерки до 14 години и е од категорија 1.

Покрај настапот на овој турнир, Алексовски имаше настап како дел од тимот и на турнир во Германија, а го очекуваат и два турнира во Шпанија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани