Полуфинале за младиот Темов на турнир во Дубровник

July 14, 2025

Младиот македонски тенисер Андреј Темов изминатава недела имаше успешен настап на Дубровник Дуб Боул турнир, кој се играше во две возрасни категории. Темов настапуваше во категорија до 13 години и стигна до полуфиналето каде загуби од победникот на турнирот првиот носител Јухен Лиу од Кина. Андреј загуби во полуфиналето со 2-0 во сетови (62 63).

Во првите два меча на турнирот Темов прво го елиминираше третиот носител Јернер Мариншек од Словенија со победата од 2-0 (64 76(2)) и Јаков Огришек од Хрватска исто со 2-0 во сетови (75 75). Претходо Андреј во мечевите од групата имаше две победи против Лука Бох (Словенија) со 2-0 во сетови (62 61) и Хугас Јургаитис (Литванија) исто со 2-0 во сетови (62 60), додека загуби од Марко Супица (Словачка) со 2-0 во сетови (36 46)

На турнирот во Дубровник во категоријата до 11 години, кај девојките настапи Јована Атанасовска.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани