Полуфинале на Ана Митевска и Трифиновски на јуниорски турнир во Пеќ

September 7, 2025

Македонската тенисерка Ана Митевска (17 години) и тенисерот Александар Трифуновски (17 години) играа во полуфиналето во двете конкуренции на јуниорскиот турнир во Пеќ, Косово од рангот Ј30. Двајцата во неизвесни мечеви и по голема борба загубија во полуфиналните дуели.

Митевска која беше рангирана како прва носителка во полуфиналето беше поразена од Елисавета Астафјева од Естонија со 2-1 во сетови (76(5) 57 63), а претходно оствари победа во четвртфиналето над Милана Расан – Буха од Хрватска со 2-0 во сетови, додека во второто коло противничката Николе Лаудичино од Италија го предаде мечот во вториот сет поради повреда при водство на македонската тенисерка.

Трифуновски на патот до финалето беше запрена од Панајотис Герасимос – Граматикакис од Грција, кој потоа и го освои турнирот. македонскиот тенисер полуфиналето го загуби со 2-1 во сетови (46 64 76(2)), а претходно ги победи Јури Стоилиаров од Украина со 2-0 во сетови во четвртфиналето, како и Рафаел Хозе Гонзалез од Венецуела (второ коло) и Даир Имери од Косово (прво коло).

На турнирот кој за тенисери и тенисерки до 18 години настапија уште неколку македонски тенисери и тенисерки: Зара Зафировска, Ана Стојановска, Ирина Пиштолова и Филип Атанасовски.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани