На Централен терен ќе се играат двата полуфинални меча во сингл конкуренција. Први на теренот ќе се појават носителот број 1 Хуго Делиен од Белгија и носителот број 3 Џеј Кларк од Велика Британија. Двајцата ќе го играат првиот меѓусебен меч. Делиен според рангот е фаворит се наоѓа на 96.место на АТП листата, додека Британецот Кларк е рангиран на 250.место.
Во второто полуфинале ќе настапат осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска и Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина. Пољичак во првото коло го елиминираше нашиот Калин Ивановски, додека Фатиќ за да стигне до полуфиналето мораше да игра и два квалификациски меча. Ова ќе биде нивни трет меч во 2025 година и двајцата имаат добиено по еден меч и двата дуела досега беа играни во три сета. Пред една недела на Челинџерот во загреб Пољичак победи во првото коло со 2-1 (46 63 76(2), додека Фатиќ има победа во полуфинале на ИТФ фјучрс турнирот во Пореч со 2-1 во сетови (36 63 61).
На теренот број 5 ќе се играат мечевите во конкуренција на двојки. Првите носители Срирам Балаји од Индија и Мигуел Рејес-Варела од Мексико ќе против четвртите носители Марсело Демолинер и Марсело Зорман од Бразил. Во второто полуфинале третите носители тенисерите од Индија Чудари Болипали – Сундар Прашант ќе играат против Ендрју Полсон и Михаел Врбенски од Чешка.
Почетокот на програмата за петок на двата терена е во 10:30 часот, а влезот е слободен.
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ