Пораз на Алексовски на турнирот во Германија

July 30, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски го заврши настапот на турнирот за играчи до 14 годии (кој е од Супер категорија) во германскиот град Дурен. Тој денеска во мечот од третото коло загуби од Рафа Гарсија Доменех од Шпанија со 2-0 во сетови (63 63). Со оваа победа шпанскиот тенисер се избори за четвртфиналето. Во претходните две кола Алексовски оствари две победи против Адам Напари од Финска и Паоло Карачио од Италија.

Марко е дел од тимот на ITF-Tennis Europe, кој е финансиран од Grand Slam Development Fund, а е за играчи на негова возраст.

Воедно за Алексовски како дел од тимот остануваат настапите на уште три турнири еден во Белгија и два во Шпанија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани