Последни подготовки за престижниот Macedonian Open

May 17, 2025

Месец мај е делот од годината кога на земјените терени се игра и можеби најдобриот тенис во светот. Така е последните години и во Македонија. Тениската федерација пред три години го возобнови престижниот турнир Macedonian Open, кој и годинава ќе биде место каде многу пред се млади тенисери ќе гледаат да направат скок на АТП листата и напредок во својата кариера.

Од 18 -24.мај тениските терени на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе бидат местото каде ќе може да види квалитетен тенис.

Турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари, најголем воопшто одржан во Македонија.

На турнирот во „главниот ждреб“ ќе играат 32 тенисери – 21 како директен учесник според рангот, 3 со вајлд карта, 6 преку квалификации, како и 2 посебен исклучок (special exempt). Во „костурот“ од квалификациите ќе настапат 24 тенисери – 20 како директни учесници и 4 вајд карти. Во квалификациите се играат две кола, а победниците ќе се стекнат со настап во „главниот ждреб“. Во конуренција на двојкиќе настапат 16 пара, а два ќе бидат со вајлд карта.

Првите два дена од турнирот недела (18.мај) и понеделник (19.мај) мечевите кои ќе се играат на терените (централен терен, терен бр.5, терен бр.6 и терен бр.8) ќе стартуваат во 10:30 часот. Во вторник (20.мај) поради големиот број на мечеви програмата ќе стартува во 10 часот. Во среда почетокот на мечевите повторно е во 10:30 часот, а од четврток до сабота мечевите почнуваат во 11 часот.

Првиот ден – недела (18.мај) на програмата се 12 меча од квалификациите, а на вториот ден (понеделник) ќе се играат мечевите од првата рунда и финалните мечеви од квалификациите (шест). Во вторник стартуваат мечевите во двојки, а ќе биде комплетирана и првата рунда од првото коло. Среда е денот кога се играат мечевите од втората рунда во сингл конкуренција и ќе има комплетирање на првото коло во конкуренција на двојки. Во четврток ќе се играат четвртфиналните мечеви во двете конкуренции, а во петок е ден за полуфиналните пресметки. Финалните мечеви ќе се играат на 24.мај во сабота. Учество на турнирот ќе земат и најдобрите македонски тенисери.

Супервизор на турнирот е Хорхе Мандл од Аргентина, додека македонски судии кои ќе бидат дел од турнирот се Зоран Поповски и Анета Павловска – судии на стол.

Скопје и оваа година домаќин на светски тенис – престижниот ATP CHALLENGER MACEDONIAN OPEN 2025 турнир!

 

 

 

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани