🎾 Отвореното Првенство за Ветеранки 2025 одржано по пауза од 13 години успешно заврши во прекрасна спортска атмосфера!
Настан исполнет со енергија, пријателство и вистински спортски дух, каде ветеранките покажаа дека љубовта и пасијата кон тенисот е иста за сите и нема ограничувања 💚
Овој турнир одржан во ABC – ТК Мондано во последните две саботи 25.10. и 01.11.2025 година е дел од проектот „АС за еднаквост“, кој во соработка со Македонскиот олимписки комитет и со финансиска поддршка од Европската унија ја промовира родовата еднаквост во спортот. Одржувањето на овој турнир има особено значење од причина што не претставуваше само играње на мечеви, туку значеше повик за повторно враќање на категоријата ВЕТЕРАНКИ во натпреварувачкиот систем на Тениската Федерација, повик за здружување, поголема активност и вклученост на девојките и жените во тенисот како спорт. Она што навистина радува е заинтересираноста на жените ветеранки да бидат дел од овој систем кој во иднина ќе опфати организација на низа турнири со различна тежина.
Резултати од разигрување: 1во место Александра Каратановска (Тениска Академија Аеродрокм), 2ро место Сања Ѓоргиева (Тениска Академија Аеродром)
Резултати од главен турнир: 1во место Марија Златевска (ТК Тумба), 2ро место Стефанија Невена (ТК Мондано), 3то место Катерина Димовска (ТК Тумба).
Жените во спортот се и секогаш ќе бидат пример за посветеност, инспирација и истрајност.
Ви благодариме на сите учеснички за вашата енергија и за тоа што покажавте дека еднаквоста е неминовна – и во тенисот, и во животот. Ве очекуваме на следниот турнир во уште поголем број 💪🎾
До следно дружење, ТФСМ
#АсЗаЕднаквост #ТенискаФедерација #ЖениВоСпортот #Ветеранки #ТенисСоСрце

