Прво финале за Ѓорческа во 2025 година

May 31, 2025

Најдобрата македонска тенисерска успеа да се избори за своето прво финале во 2025 година во сингл, откако денеска во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот W35 Куршумлијска бања ја совлада четвртата носителка Жибек Куламбајева од Казахстан со 2-1 во сетови (62 26 63) за 2 часа и 20 минути игра. Утре во финалето ќе игра против седмата носителка Марта Матула од Грција, која до финалниот меч стигна откако денешното полуфинале првата носителка Лиа Каратанчева го предаде во вториот сет при водство од 1-0 за Матула во сетови и 1:0 во гемови во вториот сет.

Ѓорческа сигурно го стартуваше денешниот меч и во првиот сет направи два брејка во четвртиот и во осмиот гем со што стигна до водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет нејзината противничка и се реваншираше и таа успеа со два брејка да стигне до освојување на сетот. Куламбајева „брејковите“ ги направи во третиот и во седмиот гем и со тоа го освои сетот што значеше 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет тенисерката од Казахстан поведе со 2:0 во гемови, но Лина успеа да направи серија од четири гема за водство од 4:2 што се покажа како решавачко бидејќи сетот го заврши со 6:3 во гемови.

Ова е 36.то финале за Ѓорческа во поединечна конкуренција.

Ова е втора победа за Ѓорческа во вториот меѓусебен меч против Куламбајева.

Турнирот во Куршумлијска Бања се игра за награден фонд од 30.000 долари.

Почетокот на финалниот меч е утре во 10 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани