Со денешените 12 меча од квалификациите од првото коло стартува годинашново издание на Челинџер турнирот Macedonian Open 2025, кој се игра на терените на ТК Југ во Градски парк и е со награден фонд од 100.000 долари. Денеска на терените ќе бидат и четири македонски тенисери (Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Берк Бугариќ и Обрад Марковски), кои имаат квалитетни ривали. Мечевите ќе се играат на четири терени, а влезот е слободен.
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ – НЕДЕЛА 18.МАЈ 2025
Централен терен (почеток 10:30 часот)
(1) Даниел Михалски (Полска) – Обрад Марковски (Македонија)
Берк Бугариќ (Македонија) – Неил Оберлајтнер (Австрија)
Стефан Мицов (Македонија) – Жерар Кампана Ли (Ј.Кореја)
Терен број 5 (почеток 10:30 часот)
Андреј Мартин (Словачка) – Манас Дамне (Индија)
Тоби Кодат (САД) – Мирза Башиќ (БиХ)
Нермин Фатиќ (БиХ) – Амар Хусеиновиќ (Македонија) не почнува пред 14 часот
Терен број 8 (почеток 10:30 часот)
Мартин Крумич (Чешка) – Метју Делаведова (Австралија)
Олег Приходко (Украина) – Андрју Полсон (Чешка)
Матеј Додиг (Хрватска) – Андреј Недиќ (БиХ) не почнува пред 14 часот
Терен број 6 (почеток 10:30 часот)
Даниел Цукерман (Израел) – Лилиан Мармусе (Франција)
Франко Агаменоне – Рајан Сегерман (САД) не почнува пред 12:30 часот
Седрик-Марсел Стебе – Мајкл Врбенски (Чешка) не почнува пред 14:30 часот