Двајцата млади македонските тенисери кои оваа недела настапуваат на силни турнири го завршија својот настап. Сара Митевска на турнирот во Словачка, во градот Хумене (за тенисерки до 16 години) имаше забележителен настап во двете конкуренции. Во поединечна конкуренција загуби од Ива Јерковиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (61 64), а нејзината ривалка успеа да се избори и за финале на турнирот. Турнирот е рангиран од категорија 1.
Во конкуренција на двојки заедно со Јерковиќ беа поразени од Ирма Чуклич (Украина) и Ајана Миту (Романија), кои пак триумфираа на турнирот во двојки.
Марко Алексовски својот настап на World Tec Cup во Барселона настапот го заврши во третата рунда. Тој беше поразен од Јонас Ваелти од Швајцарија со 2-0 во сетови (76 61). Турнирот во Барселона е рангиран од Суперкатегорија (најсилната во јунирскиот тенис).