Сара Митевска на убедлив начин до нова турнирска победа

August 31, 2025

15-годишната македонска тенисерка Сара Митевска на убедлив начин ја освои втората турнирска титула за тенисерки до 18 години откако викендов триумфираше на турнирот Ј30 Скопје – Pointer Tennis park Open 2025. Таа во финалето ја победи грчката тенисерка Деспоина Коскина со 2-0 во сетови (75 61). Сара и претходниот турнир во оваа конкуренција го освои на терените на Теннис Парк во Скопје.

Митевска имаше блескав старт на турнирот се две победи во стартните кола без загубен гем 2-0 (60 60) против Дуна Милиќ (Србија) и Стефанија Карпаиук (Украина). Во четвртфиналето нејзината ривалка го предаде мечот откако Митевска поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, а во полуфиналето беше поуспешна од Елена Пападопулу од Бугарија (настапуваа заедно во двојки).

Во конкуренција на двојки Зара Зафировска заедно Коскина од Грција играа во финалето каде беа поразени од Украинките Стефанија Карапалиук и Никол Нериа.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани