Сингл финале за Мирчески и дубл финале за Танески на МТП опен

September 14, 2025

Македонските претставници беа учесници во два финални меча на МТП опен турнирот за тенисери и тенисерки до 12 години што изминатава недела се одржуваше во Скопје.

Кај момчињата финалист беше Олег Мирчески, кој по двете победи во групата над Вук Двокиќ од Србија и Димитриос Леу од Романија се избори да игра во завршницата на трунриот. Во четвртфиналето со убедливи 2-0 (61 60) го победи Бурга Антар од Турција, а во полуфиналето со истиот резултат го совлада Чан Берк Нигделиоглу од Турција. Поуспешен од него во финалниот меч беше Микаел Иванов со 2-0 во сетови (62 62).

Во конкуренција на двојки Ведрана Танеска заедно со Ника Колоколова од Летонија го загубија финалето од Мадина Рохманова од Турција и Ена Табак од БиХ со 2-0 во сетови (63 63).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани