Со сигурна игра Ѓорческа избори полуфинале во Букурешт

September 12, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. Таа денеска во четвртфиналето на W75 турнирот во Букурешт со сигурна игра стигна до триумф против Лаура Хиетаранта од Финска со 2-0 во сетови (63 63) за два часа игра. Во полуфиналето Ѓорческа која е рангирана како четврта носителка ќе игра против првата носителка Деспина Папамихаил од Грција.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше три брејка наспроти еден на ривалката и по 3:3 во гемови со серија од три гема успеа да го добие сетот со 6.3 во гемови и да поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет противничката поведе со 2:0 во гемови, но до крајот на сетот освои само еден гем, притоа Лина имаше два брејка за конечни 6:3 во вториот сет или 2-0 во сетови.

Нејзината утрешна противничка Папамихаил во три сета со 2-1 (46 63 75) ја совлада Марија Попа од Романија. Во меѓусебните мечеви скорот е 3:1 во победи за Ѓорческа, која ја победи Папамихаил претходниот месец во Куршумлијска Бања.

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани