Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4:1 во гемови за противникот.
Србљак го доби првиот сет со 6.4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2:0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4:2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2:1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4:2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во четвртиот гем Маштаков направи брејк и поведе со 3:1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин мечот траеше 2 часа и 45 минути.
Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.