Стартна победа за Ѓорческа во Германија

July 9, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот во Ашафенбург, Германија (награден фонд 40.000 долари). Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Јоси Димс со 2-0 во сетови (63 76(5)) за 100 минути игра.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше подобра реализација на брејк топките 6/8, а нејзината ривалка имаше 5/9 во мечот каде македонската тенисерка освои десет поени повеќе 74:64. Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6:3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до тај брејкот. Во 13.тиот гем од сетот Ѓорческа поведе со 4:1 на поени, а потоа и со 6:3 за да ја искористи третата меч топка.

Во следното (второ) коло Ѓорческа ќе игра против втората носителка Тара Вурт од Хрватска, која денеска ја победи Германката Теса Јохана Брокман со 2-0 во сетови.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани