Курсот подразбира во првиот дел планирање, био-механика, тактика, физички и психолошки тренинг, додека во Валенсија имаше работа со играчи од највисок ранг.
Полагањето на теоретскиот дел беше (on line), а потоа во Валенсија имаше и парктичен дел. Воедно Стојановска е петти тренер од Македонија со највисоко тренерско ниво кое го има ИТФ. Пред неа оваа лиценца ја имаат: Чедомир Јовановски, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ, Горан Шевченко. Воедно таа е првата жена тренер во Македонија со оваа лиценца.
– Најпрво би сакала искрено да им се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој курс. Поддршката, насоките и охрабрувањето од менторите, организаторите и останатите учесници одиграа клучна улога во тоа ова искуство да биде значајно и успешно за мене. Беше навистина уникатно да се биде дел од средина за учење каде што можев отворено да ја споделам и дискутирам мојата приказна како тениски тренер. Размената на идеи и искуства со луѓе кои се исто толку посветени на спортот ми помогна да стекнам нови сознанија и да го проширам моето разбирање за тоа како учиме, подучуваме и напредуваме во тенисот. Овој курс имаше длабоко влијание врз мене, и професионално и лично. Ми го продлабочи разбирањето за начинот на тренирање тенис, не само во однос на одделните аспекти од играта, туку и во тоа како подобро да ги поддржам и насочам играчите. Се чувствувам како поефективен тренер, со нови цели. Искуството ми отвори нови можности за развој и учење. Навистина сум благодарна за оваа шанса и за позитивното влијание што го имаше врз мојот раст како тренер и како личност, изјави Стојановска.
Проектот е поддржан од Интернационалната олимписка солидарност, преку Македонскиот Олимписки Комитет и преку ИТФ Светска федерација во координација со Тениската Федерација на Македонија.