Грујиќ и Стефанов во финалето со 2-0 во сетови (63 62) ги совладаа вторите носители Стефан Мојсејев од Србија и Диого Филепе Силва Ордоњо од Португалија со 2-0 во сетови. Претходно во полуфинале оставрија победа против Давид Грабул од Македонија и Задиг Добринине од Франција со 2-0 во сетови (63 75), додека во четвртфиналето беа поуспешни од Лука Кировски (Македонија) и Лука Глуцк (Германија) со 2-0 во сетови (63 62). Најтешко до победата стигнаа во мечот од второто коло кога со 2-1 во сетови (46 76 10-3 на поени) ги победија Матијас Гетинг и Аурелиус Херц од Германија.
Сара Митевска на патот до финалето ги победи Ирис Димопулу од Грција со убедливи 2-0 во сетови (61 60), потоа Ангелина Вишеневска од Украина со 2-0 во сетови (62 60). Во четвртфиналето ја совлада Софија Сарач од Австралија со 2-0 во сетови (63 62), а во полуфиналето беше поуспешна од Дионисис Кукули од Грција со 2-0 (63 61). Поуспшена од македонската тенисерка беше Фангју Шанг од Кина која во финалето оствари победа од 2-0 во сетови (63 61).