Македонската тенисерка Сара Митевска со триумф во двојки го заврши турнирот Југ Опен 2025 што се играше во Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години. Таа заедно со Фанг Ју Шанг од Кина во фиалето ги совладаа Викторија Новакова и Дијана Петрасова со 2-0 во сетови (64 61).
Во поединечна конкуренција кај момчињата дејвис куп рептезентативецот на Македонија, Кристијан Јанев стигна до полуфиналето каде беше поразен од Романецот Лука Стефан Нита со 2-0 во сетови (62 75).
Оваа недела е третиот од четирите турнири што се играат во Скопје. На терените на ТК Југ се игра турнирот Ј30 Скопје Интеко Опен 2025.