Успешно одржан Тенискиот фестивал на Плоштадот во Прилеп

September 29, 2025

Во саботата на 27ми септември 2025 година на Плоштадот во Прилеп се одржа Тенискиот фестивал за деца. На наше задоволство, облаците не беа пречка за преку 150 деца на возраст од 4 до 14 години да земат учество во  серијата едукативни и забавни активност за загревање и запознавање со основните движења во тенисот.

Изразуваме благодарност до тенискиот клуб ТК ТОП СПИН и Општина Прилеп за поддршката при организација на овој настан. За дополнување на содржината и пријатната атмосфера беа присутни и спонзорите на федерацијата со свои изненадувања за најмладите. Благодарност до УНИ Банка – генерален спонзор на ТФСМ и спонзорите Витаминка, Fashion Group, JEEP, Porta Inzenering, Triglav, MIDEA, Cunga Lunga, Пекабеско и Горска.

До следно дружење, ТФСМ

     

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани