Успешно одржан Тениски Фестивал за деца во Општина Гевгелија

September 15, 2025

Изминатата сабота, на 13ти септември 2025 година Тениската Федерација на Македонија во соработка со домаќинот ТК КРУНА Гевгелија и со поддршка од Општина Гевгелија, го одржа Тенискиот фестивал за деца во Гевгелија.

Настанот се одржа на Плоштадот во Гевгелија, каде што стотина деца на возраст од 4 години до 14 години имаа можност преку игри, вежби и забава да се запознаат со основите на тенисот и да уживаат во спортот на еден поинаков начин. Под водство на професионални тренери и волонтери, младите учесници покажаа голем ентузијазам, желба за учење и спортски дух.

Целта на фестивалот беше да се поттикне љубовта кон спортот и здравите навики уште од најмала возраст, како и да се промовира тенисот како достапен и интересен спорт за децата од општината.

Истакнуваме голема благодарност до Тенискиот клуб КРУНА, Општината Гевгелија, спонзорите на федерацијата и сите родители, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за реализација на овој успешен настан.

До следно дружење,

Тениска Федерација на С.Македонија

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани