Успешен настап на Дема купот (категорија 2) во Софија за тенисери до 16 години имаше младиот македонски тенисер Александар Грујиќ. Тој заедно со Кристијан Стефанов од Бугарија играа во финалето во конкуренција на двојки каде беа поразени од првите носители Иван Мараковиќ и Павле Стојиљковиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 64).
Претходно Грујиќ и Стефанов постигнаа три победи. Во првата рунда ги совладаа Герасимов и Гајдаџиев од Бугарија со 2-0 во сетови (62 60), во втората рунда ги совладаа Панто и Патанија од Италија со 2-1 (67 61 10-0 на поени), а во полуфиналето беа посуспешни од вторите носители Георгиев од Бугарија и Крупа од Германија со 2-0 во сетови (64 64).