Ѓорческа елиминирана од втората носителка

July 10, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург по денешниот пораз во второто коло од втората носителка Тара Вурт од Хрватска. Мечот беше решен по три сета игра, а Вурт победи со 2-1 во сетови (61 26 75) за 2 часа и 12 минути игра.

Во првиот сет хрватската тенисерка имаше комплета доминација, а Ѓорческа освои еден гем на сервис на ривалката. Но, во вториот сет сосема поинаква ситуација на теренот и македонска тенисерка стигна до водство oд 3:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2. Вистинската борба беше во решавачкиот сет. Вурт поведе со 2:0 во гемови, а Ѓорческа го презеде водството – 4:3. При 5:4 за Вурт, Ѓорческа спаси една меч топка во 10-тиот гем и изедначи на 5:5. Но, до крајот на мечот ривалката ги освои двата гема за конечни 7:5 и 2-1 во сетови.

Лина Ѓорческа следната недела ја очекува настап на турнирот во Оломуц, Чешка.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани