Ѓорческа не успеа да избори четвртфинале во Роверето

October 22, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во четвртфиналето на турнирот од WTA 125 Роверето Опен откако денеска загуби од шпанската тенисерка Алиона Болсова Задоинов со 2-1 во сетови (16 76 (2) 61). Македонската тенисерка за пласманот во второто коло ќе освои 15 поени и повторно ќе има скок на ВТА листата со пласман во Топ 200.

Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 1-0 во сетови добивајќи го сетот убедливо со 6:1 во гемови.

Мечот беше решен во вториот сет ривалката поведе со 4:1 во гемови, но Ѓорческа стогна до изедначување од 5:5, а сетот беше решен во тај брејкот и заврши со 7:2 на поени за Болсова Задионов. Во решавачкиот сет шпанската тенисерка имаше контрола над играта и резултатот и сетот го доби со 6:1 во гемови.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани