Ѓорческа „тргна“ со победа на турнирот во Трнава

November 19, 2025

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигирна победа го почна ИТФ турнирот во Трнава, Словачка. Таа во мечот од првото коло ја совлада тенисерката од Турција Ајла Аксу со 2-0 во сетови (62 64) за 77 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Британката Амарни Бенкс, која во првата рунда ја победи Вероника Фалковска со 2-0 (63 61).

Вечерашниот меч македонската тенисерка го доби на убедлив начин. Во првиот сет по 1:0 во гемови за ривалката со два брејка направи серија од пет гема и поведе со 5.1, за сетот да го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатски беше понеизвесен и нерешен до 4:4 во гемови. Единствениот брејк Ѓорческа го направи во деветтиот гем, а потоа сетот го заврши со 6:4.

Македонската тенисерка на турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари е рангирана како четврта носителка.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани