Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето (награден фонд 115.000 долари) ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо. Таа оствари победа од 2-0 во сетови (64 и 63) за 76 минути игра. Бранкачио во моментов е на 151.место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата.
Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.
Во второто коло (среда) Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.

