Најдобрата македонска тенисерка ќе се бори за пласман на главниот турнир на ИТФ фјучрсот W75 Загреб. Таа денеска во првото квалификациско коло ја мина Ника Радишич од Словенија откако нејзината ривалка поради повреда го предаде мечот.
Во моментот на прекин македонската тенисерка водеше со 1-0 во сетови, откако го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а во вториот имаше водство од 2:0.
Во финалето од квалификациите Ѓорческа ќе игра против Денислава Глушкова од Бугарија (21 година, 425 место на ВТА листата), која беше убедлива против домашната тенисерка Корина Росо и ја совлада со 2-0 во сетови со само еден загубен гем.